25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПланот 3-6-9 е достапен за јавноста

Планот 3-6-9 е достапен за јавноста

Периодот за имплементација на планот 3-6-9 истекува денеска заедно со објавувањето на извештајот на Европската комисија за состојбите и напредокот на земјава на евроинтегративниот пат.

Детаљниот фактографски извештај за имплементацијата на планот 3-6-9 точно на полноќ беше објавен на веб-страницата на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk и може директно да се преземе од следниот линк https://goo.gl/BqGvVt.

„Во изминатите девет месеци Македонија успеа да испорача исклучително продуктивна реформска агенда. Доказ за ова е успешното спроведување и реализацијата на планот 3-6-9, т.е. реализирани се над 90 отсто од предвидените реформи и 100 отсто од неговата суштина – Македонија се врати на евроатланскиот пат“, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Планот 3-6-9 беше усвоен во јули минатата година по изгласувањето на новата Влада, со цел да обезбеди трасирање на патот, односно да го одмрзне реформскиот процес во Република Македонија и да ја врати државата на евро-атлантскиот пат и беше поделен на три дела според рочноста во која се имплементираа реформите. Неговиот прв дел – делот три, беше финализиран со одржувањето фер, слободни и кредибилни избори во ноември минатата година, а делот шест заврши со излегувањето на стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западен Балкан 2025.

„Во согласност со испорачаните резултати, т.е. успешнато спроведување и реализацијата на планот 3-6-9, тој треба да биде крунисан со најдобриот извештај за Република Македонија досега и со чиста и безусловна препорака за преговори со Унијата.
Со завршувањето на планот 3-6-9 не завршуваат реформите, туку, напротив, оваа реформска агенда ќе продолжи и во иднина во насока на имплементација на процесите што произлегуваат од шесте водечки иницијативи на стратегијата 20-25 на Комисијата, како и од сугестиите, коментарите, забелешките што ги очекуваме во денешниот извештај на Комисијата“, се вели во соопштението од Кабинетот на Османи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП