19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонечно, вистинскиот Новак Ѓоковиќ на терен

Конечно, вистинскиот Новак Ѓоковиќ на терен

Поранешниот светски број 1, Новак Ѓоковиќ имаше одиграно само шест меча досега во 2018, мачејќи се со формата и менувајќи го својот тренерски тим, меѓутоа ако се гледа првото коло на Мастерсот во Монте Карло, тогаш тој е на вистински пат.

Во редок дуел со својот сонародник Душан Лајовиќ, Ѓоковиќ (кој мораше да игра прво коло на еден Мастерс турнир првпат од 2006), го „збриша“ противникот со 6:0/6:1 за само 56 минути за четврта победа оваа сезона и прва од третото коло на Австралија опен.

Ѓоковиќ беше солиден во сите аспекти на играта, спасувајќи ги четирите брејк топки и правејќи пет брејка за лесна победа и дуел во второто коло со Хрватот Борна Чориќ.

Ова беше 309. Мастерс 1000 победа за Ѓоковиќ, но вистинскиот тест следува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП