Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Затвореници ќе се ресоцијализираат со уметност

Време: 14:04

Датум: април 16, 2018

Категорија: КУЛТУРА

Културно-уметнички содржини за осудениците во затворот во Шуто Оризари предвидува меморандумот за соработка што денеска го потпишаа министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, и директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски.

Како што појасни министерот Алаѓозовски, со мерките се предвидуваат посети на културно-уметнички настани за најпримерните осуденици, збогатување на библиотеките, организирање работилници и културно-уметнички настани за самата установа од осудениците и со гости уметници.

„Со овие активности не само што ќе овозможиме подобра ресоцијализација и подобра атмосфера во оваа установа туку со подобрувањето на условите придонесувме и кон исполнување на меѓународните стандарди во местата каде што престојуваат лица лишени од слобода“, истакна Алаѓозовски.

Тој најави дека Министерството е расположено да им помогне на казнено-поправните установи во оваа насока и доколку оваа пилот-програма се покаже како успешна, да се примени и во другите казнено-поправни установи во Македонија.

Директорот на затворот појасни дека меморандумот опфаќа и активно вклучување на осудените лица во проекти за изучување одредени вештини, како што се копаничарството, вајарството, сликарството, за кои, како што рече, ќе бидат обучени осудените лица за периодот по излегување од затворите.

„КПУ ‘Скопје’ работи активно на повеќе програми и повеќе проекти. Во соработка сме со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование, потпомогнати од УНДП за рестартирање на нашата столарска и браварска работилница, за професионална доградба и ангажман на нашите осудени лица“, рече директорот Ѓоко Котевски.

Новата мерка ќе почне со реализирање посета на културно-уметнички манифестации, а подоцона со здруженија на граѓани и институции што ќе понудат помош, ќе се почне и со најавените работилници во кои ќе учествуваат затворениците. Затворот е формиран и почна со работа во 1968 година и ова е прва ваква мерка што се воведува како културно-уметничка програма.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Македонската филхармонија свечено ја почнува новата сезона со концертот „Ново утро“

    Македонската филхармонија свечено ја почнува новата сезона со концертот „Ново утро“

    На 27 септември (четврток) во 20 часот, ќе се случи свеченото отворање со концертот под наслов „Ново утро“, на кој ќе настапи врвниот пијанист од…

  • Есенско издание на „Скопје синема сити“

    Есенско издание на „Скопје синема сити“

    Од 5 до 6 октомври, во Кинотека на Македонија ќе се одржи есенското издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Оваа година ССС влезе во својата…

  • Халкбанк и Манаки со заедничка желба за зачувување на вистинските културни вредности

    Халкбанк и Манаки со заедничка желба за зачувување на вистинските културни вредности

    Во насока на поддржување на филмската традиција и промоција на вистинските културни вредности, Халкбанк и Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го објавија официјалното…

  • „Исцелител“ е македонски кандидат за „Оскар“

    „Исцелител“ е македонски кандидат за „Оскар“

    „Исцелител“, во режија на Ѓорче Ставрески, е македонски кандидат за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско подрачје. Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата…

  • „Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

    „Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

    Од денеска, па до недела во Oпштина Ѓорче Петров за првпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“. Многу познати музички имиња, играорни групи, млади…

  • Турскиот театар ја започнува сезоната со ,,Крал Лир”

    Турскиот театар ја започнува сезоната со ,,Крал Лир”

    Турскиот театар информира дека сезоната ќе ја отвори денеска со изведбата на претставата ,,Крал Лир” од Вилијам Шекспир во режија на Диего Де Бреа со…

  • Промовирана книгата „ФИЛАНТРОПИЈАТА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ“  од Венко Андоновски

    Промовирана книгата „ФИЛАНТРОПИЈАТА НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ“ од Венко Андоновски

    Во Стопанската комора на Македонија, во Скопје, во присуство на претседателот на владата Зоран Заев, заменик премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, градоначалници, академици, директори,…

  • Вечерва во 21:00 часот се отвора петтото издание на саемот на уметност Ин Ситу

    Вечерва во 21:00 часот се отвора петтото издание на саемот на уметност Ин Ситу

    Меѓународниот саем на уметност Ин Ситу ќе се одржи по петти пат од 13 – 15 септември во Младинскиот културен центар – Скопје. На отворањето…

  • СКРМ: Културата и натаму е на дното во државните приоритети

    СКРМ: Културата и натаму е на дното во државните приоритети

    Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) е незадоволен од бавното решавање на наталожените проблеми во културата и смета дека, и покрај мали поместувања и…

  • Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

    Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

    Оваа пролет Детскиот фестивал “Поточиња“ го прослави својот 15 – ти роденден со прекрасни шест претстави во Македонската опера и балет, а со доаѓањето на…