19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБатшуаи ќе го пропушти Мундијалот поради повреда?

Батшуаи ќе го пропушти Мундијалот поради повреда?

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Миши Батшуаи, на натпреварот со Шалке го повреди глуждот и според зборовите на тренерот Петер Штегер, Белгиецот го очекува подолга пауза.

Шалке во дербито на Рур ја победи Борусија со 2:0 и се зацврсти на второто место на табелата во Бундеслигата.

Батшуаи се повреди во последните моменти од натпреварот во Гелзенкирхен. Играчот на Шалке, Бенжамин Стамбули, падна врз вогата на Белгиецот, кој потоа на носилка беше изнесен од теренот и префрлен во болница.

Напаѓачот со голема веројатност поради оваа повреда ќе го пропушти Светското првенство во Русија.

Батшуаи во јануарскиот преоден рок како позајмен играч од Челси пристигна во Дортмунд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП