19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците допрва ќе побеснат, ништо од поголемите плати?

Германците допрва ќе побеснат, ништо од поголемите плати?

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер вели дека ќе врши притисок да се постигнат разумни резултати во наредната рунда преговори за зголемувањата на платите.

Во Германија се бара зголемување на платите за повеќе од два милиони работници во јавниот сектор, но Зехофер го отфрли барањето на Синдикатот „Верди“ за зголемување од шест проценти.

Разговорите за зголемување на платите ќе продолжат и денес откако 150.000 работници во јавниот сектор во изминатата недела стапија во штрајк поради што на аеродромите останаа блокирани повеќе илјади патници, пренесува економскиот весник Капитал.

Штрајкови беа организирани и во болниците, центрите за грижа на деца и депониите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП