18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКикс на Наполи, Јуве маршира кон титулата

Кикс на Наполи, Јуве маршира кон титулата

Фудблерите на Јувентус го искористија киксот на Наполи и со убедливата победа над Сампдорија 3:0 направија голе чекор кон одбрана на титулата. Претходно, Наполи, во Милано, одигра 0:0 со Милан.

Јувентус успеа да се конолидира, по контроверзната елиминација од Лигата на шампионите и да одигра речиси префектен натпревар во првенството. Сампдорија со овој пораз дополнително се оддалечи од местата што водат во Лига Европа.

Јувентус до победата над екипата од Џенова го предводеше Бразилецот Даглас Коста со три асистенции.

Бразилскиот репрезентативец најпрвин му асистираше на Манџукич, а потоа на Хеведес и Кедира.

Јувентус по 32.кола има 84 бода, шест повеќе од Наполи. Во среда Јувентус му гостува на Кротоне, а Наполи против Удинезе.

Резултати:

Јувентус-Сампдорија 3:0
Болоња-Верона 2:0
Сасуоло-Беневенто 2:2
Фиорентина-СПАЛ 0:0
Милан-Наполи 0:0
Каљари-Удинезе 2:1
Џенова-Кротоне 1:0
Киево-Торино 0:0
Аталанта-Интер 0:0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП