29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот трговски суфицит со САД скокна на 58 милијарди долари

Кинескиот трговски суфицит со САД скокна на 58 милијарди долари

Кинескиот трговски суфицит во трговијата со САД скокна за 19,4 отсто во првите три месеци од годината во споредба со истиот период oд минатата година. Ова е она што го објавија денес кинеските царински служби, цитирано од страна на светските агенции.

Кинескиот трговски суфицит со САД изнесуваше 58,3 милијарди долари во првиот квартал. Извозот на Кина во САД се зголеми за 14,8 отсто на годишна основа на 99,9 милијарди долари.

Вредноста на увозот на САД во Кина се зголеми со релативно бавно темпо – 8,9 отсто на 41,7 милијарди долари.

Зголемувањето на кинескиот трговски суфицит со САД беше основа на трговските судири во последниве недели помеѓу двете најголеми економии во светот.

Минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе 150 милијарди долари давачки за кинески стоки увезени во САД.

Пекинг објави листа на американски стоки во вредност од 50 милијарди долари за увоз и вети дека ќе се бори против „унилатералниот американски протекционизам по секоја цена“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП