29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските економии имаат речиси двојно повеќе даночни оптоварувања од економиите во развој

Европските економии имаат речиси двојно повеќе даночни оптоварувања од економиите во развој

Според истражувањата на „UHY Hacker Young“, меѓународните сметководствени и консултантски мрежи во европските земји, во просек, имаат даночно оптоварување од 43,3% на бруто домашниoт производ.

Ова е скоро двојно повеќе од просечната стапка на големите економии во развој на „BRICS“ со 21,8%. Според истражувањата  европскиот просек од 43,3% е повеќе од 50% над глобалниот просек кој е 28,2%.

„UHY“ истражуваше 34 земји од цел свет, при што утврди колкав процент од БДП зема владата преку даноците. Данска, која беше прва на ранг листата во 2015-та година со 48,6%, повторно се наоѓа на прво место со 53,5 %.

Земјите кои се дел од организацијата ,,G 7“ со 31,1% се најблиски до глобалниот просек, со малку пониски даноци во однос на европските конкуренти, САД бележи 22%, а Јапонија 34.4%.

Наводно, во САД наредните неколку години процентот би можел да опадне, а според некои коментари, неодамна објавениот даночен план на претседателот Трамп би можел да предизвика намалување на данокот за околу 2.000 милијарди долари.

На глобално ниво, растечките економии во главно имаат многу помали даноци, станува збор за земји кои се членки на меѓународната организација ,,ASEAN“, како што се Малезија (16.5%) и Филипините (13.9%).

Претседателот на „UHY“, Бернард Фау, изјави дека „Растечките економии треба да најдат начини за намалување на даночниот товар на компаниите или ќе се зголеми бројот на динамични економии што ќе го отежнуваат конкурирањето. Развиените економии тежнеат да постигнат рамнотежа помеѓу стареењето на населението и обидот да се намали даночната стапка, но нивните влади треба да се обидат, и на крајот да пронајдат начин“.

На пример, за зголемување на инвестициите во производство на алтернативните извори на енергија, владата во Пакистан покрива 90% од трошоците за машините во првата година од работењето. Во некои случаи, добивката од производството останува надвор од даночниот систем.

Рик Давид претставник на компанијата „UHY“ рече: „Даночните олеснувања кои неодамна ги објави американскиот претседател во износ од 1,3 илјади милијарди долари, најверојатно ќе предизвикаат понатамошен економски раст“.

Сè уште амбициозно се настојува да се стимулира иницијативата за создавање успешна средина со намалување на даночното оптоварување, како за економијата така и за поединците. Најновото олеснување би можело да претставува ,,будење“ на конкуренцијата.

Европската комисија неодамна на земјите членки на ЕУ им предложи да размислат за промена на условите на оданочување како би помогнале да се пополни празнината од 15 милијарди евра според пресметките на ,,Brexit”. Еден од предлозите е користење на дел од данокот на доход од националните богатства за заедничкиот фонд и програми на ЕУ.

Сепак, многу европски земји, вклучуваќи ги Германија и Португалија, со данок повисок од просекот, бараат начини за намалување на оптеретувањето. Германија напорно работи на ослободување од данок за да се поттикне поголем број на иновации вклучувајќи и воведување на даночна поддршка за истражување и развој на компании со помалку од 1.000 вработени, воспоставување на ,,високо-технолошки основен фонд“ со почетна вредност од 300.000 евра, започнување кампања за дигитализација на средните претпријатија.

Република Ирска е единствената земја во еврозоната која учествува во истражувањето каде што данокот е помал од глобалниот просек.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП