29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБрејк на Будуќност кај АБА шампионот

Брејк на Будуќност кај АБА шампионот

Будуќност го доби првиот меч од финалната серија во АБА лигата против Црвена звезда, во Белград 80:76. Шампионот на Црна Гора трет пат сезонава го победи бранителот на титулата. Во тимот на Црвена звезда поради повреда на настапи Перо Антиќ.

Будуќност одигра одличен меч во Белград, ги искористи сите слабости во играта на домашниот тим и стигна до првата победа во серијата со што на противникот му ја одзеде предноста на домашниот терен.

Црногорците мечот го „прекршија“ во втората половина од третата четвртина, кога најпрвин ја стигнаа предноста на Црвена звезда од осум поени, а потоа со тројките на Поповиќ и Ивановиќ во последните 30 секунди, во пресрет на последната четвртина, стекнаа шест поени предност.

Во решавачкиот период гостите имаа позитива и од десет поени, Црвена звезда се обиде но не успеа да ја стигне разликата.

Црвена звезда причините за поразот ќе ги бара во лошата реализација на слободните фрлања (11/19) и само шестте постигнати тројки.

Најефикасни кај победникот беа Ивановиќ со 20 и Гордиќ со 18 поени. Црвена звезда ја предводеше Рочести со 13 поени и 10 асистенции, а најефикасен беше Омиќ со 14 поени.

Вториот натпревар од серијата се игра утре од 18:30 часот, а повторно домаќин ќе биде Црвена звезда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП