ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки со минимална предност се враќаат од Митјиланд

Вардарки со минимална предност се враќаат од Митјиланд

Ракометарките на Вардар зачекорија на завршниот турнир во Лигата на шампионките, откако во Данска, го совладаа Митјиланд 24:23, во првиот четврт-финален натпревар.

Вардарки не блескаа во Данска, имаа негатива од четири гола (14:10) во првиот дел и минус од три гола на полувреме (16:13), но во завршницата смогнаа сили да извојуваат значајна победа.

По водството на Митјиланд 29:16, Вардар во 46.минута успеа да израмни на 20:20, а потоа да ја продолжи серијата и со дополнителни три гола да создаде предност 23:20.

Имаа избраничките на Ирина Дибирова предност и од 24:21, но во финишот домаќинките постигнаа два гола и наредната сабота на реваншот во Скопје ќе допатуваат со гол негатива.

Српските репрезентативки Драгана Цвијиќ и Андреа Лекиќ со осум односно шест гола беа најзаслужните за победата на Вардар во Данска.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП