ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево со температура до 22 степени

Денес сончево со температура до 22 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во југоисточните делови ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 5 до 12 степени, а максималните од 16 до 22 степена. Во Скопје ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северен ветер, со температура од 9 до 19 степени.

Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со дневни температури кои речиси насекаде ќе надминуваат дваесет степени.

Најсончево ќе биде во недела, а краткотрајно наоблачување со услови за појава на слаб локален дожд во западните делови ќе има во понеделник попладне.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП