19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА покрена постапка против Барселона

УЕФА покрена постапка против Барселона

Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Барселона поради инцидентот на Камп Ноу за време на натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампиони против Рома.

УЕФА ја обвини Барселона поради тоа што навијачите на нивниот клуб фрлале предмети на теренот. Случајот ќе биде разгледан на 31 мај. Истиот ден дисциплинската комисија на УЕФА ќе го разгледува и случајот против Ливерпул.

Барселона во првиот меч на четвртфиналето на Лигата на шампиони ја победи Рома со 4:1. Реваншот се игра следната недела во Рим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП