ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежниот сектор ќе ја засилува имплементацијата на стандарди

Градежниот сектор ќе ја засилува имплементацијата на стандарди

Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори денеска ќе ја официјализира соработката со Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

Целта на соработката е спојување на теоријата и праксата, воспоставување на поголема синергија меѓу институциите, продуцирање на кадар кој ќе одговори на потребите на компаниите во градежниот сектор, заедничко следење на најновите трендови, како и успешна имплементација на квалитетот во изградбата, почитување на стандардите и одговорност на сите учесници во планирањето, проектирањето и изведбата на објектите.

На настанот најавено е обраќање на претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јаќимовски, деканот на Градежниот факултет Дарко Мославац и директорот на ИЗИИС Влатко Шешов.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП