23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтаниќ откри зошто го одбил Вардар

Станиќ откри зошто го одбил Вардар

Дарко Станиќ (39), поранешниот голман на Металург и миленик на навивачите на екипата до Автокоманда, во интервју за „alo.rs“, отрива зошто не ја прифатил понудата од Вардар и проговорил за најголемата грешка во кариерата, кога поради користење на кокаин, ЕХФ му изрече двегодишна суспензија.

Станиќ, од наредната сезона, на голот на Вардар требаше да го замени Арпад Штербик, меѓутоа тој ја одби понудата на Сергеј Самсоненко и реши да ја заврши кариерата.

„Имав сериозна понуда од Вардар, меѓутоа проценив дека повеќе не можам да бидам оној вистинскиот. Тоа себе си не можам да си го направам. Да одам некаде и да не можам да бранам во најдобра форма“, рекол Станиќ и дополнил:

„Кога потоа прашаа еден мој пријател да ја прокоментира одлуката тој рекол: „Знаете каков е тој, од него не можете да очекувате логичен одговор на логично прашање“.

Откако ја одби понудата на Вардар и ја заврши кариерата ја прифати да биде државен секретар во српското министерство за млади и спорт.

Станиќ, одговорил и на прашањето кое е поврзано со најлошиот дел од неговата кариера, периодот кога ЕХФ му изрече двегодишна суспензија (мај 2006-мај 2008) поради користење на кокаин.

„Тоа е дел од мојот живот. Не постои човек на земјината топка што е совршен, што не направил грешка во животот. Важно е што ќе научиш пд грешките. Бидејќи сум јавна личност, грешката е поголема. Одговорноста е многу поголема. Но мене тоа ми преставуваше уште поголем предизвик. На тој пример сакав да си покажам себи си, а и на другите, дека и од најтешките животни ситуации можеме да излеземе како победници“, рекол Станиќ.

Дарко Станиќ го бранеше голот на Металург во периодот од 2011 до 2014 година. Тој како дел од српската репрезентација освои сребро на ЕП во 2012 година. На тоа првенство беше прогласен за најдбар голман и избран во идеалниот тим на шампионатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП