18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНесторовски: Да ја продолжиме позитивната низа

Несторовски: Да ја продолжиме позитивната низа

Македонската фудбалска репрезентација ги финишира подготовките спроти утрешниот пријателски натпревар против Финска на „Глорија арена“ во турски Белек. Нашата репрезентација веќе четири дена е во Анталија и ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија.

Македонија нема пораз на последните пет натпревари, а дуелите со Финска и Азербејџан треба да бидат добра подготовка за премиерното издание на Лигата на нации, кое почнува во септември.

Напаѓачот на Палермо, Илија Несторовски, вели дека максимално сериозно се одработуваат подготовките и верува во нова победа на Македонија.

„Тренираме максимално, имаме одлични услови за работа во изминатите четири дена. Финска е квалитетна селекција и ја сфаќаме сериозно. Ги анализиравме нивните добри и помалку квалитетни страни и верувам дека со победа ќе ја подобриме одличната атмосфера во нашиот табор. Тоа секако ќе ни биде дополнителен мотив и за дуелот со Азербејџан“, изјавил Несторовски за интернет-страницата на Фудбалската федерација на Македонија.

По натпреварот со Финска, Македонија на 27 март на „Мардан арена“, исто така во Белек, ќе игра против Азербејџан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП