18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГризман: Пред СП ќе донесам одлука дали ќе заминам од Атлетико

Гризман: Пред СП ќе донесам одлука дали ќе заминам од Атлетико

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, има желба неговиот клупски статус да биде решен пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Францускиот репрезентативец има договор со Атлетико до крајот на јуни 2022 година, но голема е веројатноста тој да ги напушти „јорганџиите“. Најголем интерес за Гризман барем засега покажува Барселона.

„Сакам без било какви грижи да патувам во Русија. Не само поради тоа каде ќе играм наредната сезона, туку и поради тоа што ќе го добијам неопходниот мир во главата“, изјавил Гризман за „Лекип“.

Според неговите зборови, најмногу ми пречи што сите го прашуваат за неговата иднина.

„На мојата сестра и се доверив дека пред заминувањето за Русија ќе решам дали ќе заминам од Атлетико“.

Гризман во јуни 2014 година, за сума од 30 милиони евра, од Реал Сосиедад пристигна во Атлетико.

Напаѓачот на Франција во интервјуто рекол дека не се оптоварува со трофеите.

„Кога сум среќен се е в ред. Би сакал да го освојам Светското првенство, па Лигата на шампиони, потоа би дошла ’Златната топка’. Дел сум од група и повеќе би сакал да освојам колективен трофеј отколку индивидуално признание“, заклучил Гризман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП