25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите меѓу носителите на ждрепката за ЕУРО 2020

Ракометарите меѓу носителите на ждрепката за ЕУРО 2020

Машката ракометна репрезентација на Македонија од првиот шешир ќе ги дознае имињата на противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година што ќе се одржи во Норвешка, Шведска и Австрија.

ЕУРО 2020 ќе биде историско, бидејќи прв пат на континенталните собири ќе учествуваат 24 репрезентации.

Македонија, на ждрепката што ќе се одржи на 12 април во Трондхајм, Норвешка, ќе биде во групата на ностели.

Ова значи дека во квалификациите „црвено-жолтите“ ќе избегнат Франција, Хрватска, Данска, германија, Словенија, Белорусија и Унгарија.

Квалификациите ќе се играат од октомври 2018 до јуни 2019 одина. Пласман на ЕП ќе изборат првите две репрезентации од секоја група и најдобрите четири третопласирани репрезентации.

Пласман покрај домаќините (Норвешка, Шведска и Данска) вече избори и актуелниот светски првак Шпанија.

Шешир 1: Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија, Унгарија, Македонија.

Шешир 2: Русија, Чешка, Полска, Исланд, Србија, Црна Гора, БиХ, Холандија, Португалија.

Шешир 3: Летонија, Литванија, Швајцарија, Словачка, Украина, Израел, Турција.

Шешир 4: Финска, Белгија, Естонија, Грција, Романија, Италија, Коово, Фарски Острови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП