25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКасим Каменица повеќе не е тренер на Војводина

Касим Каменица повеќе не е тренер на Војводина

Познатиот ракометен стручњак Касим Каменица повеќе не е тренер на Војводина. Каменица кон крајот на минатата година ја презеде Војводина откако доби отказ во ППД Загреб.

Поразот во финалето на домашниот куп, начинот на кој го водел тимот во финалето и одбивањето со екипата да го прими медалот за второто место се причините за отказот.

„Не сакавме да го игнорираме фактот дека шефот на стручниот штаб одби со екипата да го прими медалот за второто место. Тоа е недозволиво. Таквото однесување не може да се мери со големината на тренерското име“, рекол претседателот на Војводина, Милан Ѓукиќ.

На функцијата Каменица ќе го замени неговиот помошник Борис Ројевиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП