19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСиновец се врати во МЗТ, Мајсторовиќ го напушти клубот

Синовец се врати во МЗТ, Мајсторовиќ го напушти клубот

Српскиот интернационалец Стефан Синовец од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром. Синовец четврти пат во кариерата ќе го носи дресот на актуелниот македонски шампион бидејќи претходно настапуваше за МЗТ во сезоните 2013/2014, 2014/2015 и 2016/2017. Со екипата од Аеродром, Синовец има псвоено три шампионски титули (2014, 2015 и 2017 година).

Неговиот договор е до крајот на сезоната, а тој доаѓа од таборот на Мега Бекамс, каде што во АБА-лигата имаше просек од 9,4 поени, 4,5 скока и 3,1 асистенции. Синовец се очекува да пристигне во Скопје утре рано наутро за да ги заврши сите формалности за договорот и да може да дебитира в среда на дуелот со Кожув во салата „Јане Сандански“.

Во исто време МЗТ го напушти неговиот сонародник Ѓорѓе Мајсторовиќ, и тоа со спогодбено раскинување на договорот. Тој дојде на почетокот на ноември и одигра 14 средби во регионалното натпревараување со просек од 4,8 поени и 2,7 скока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП