19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДеновите на македонската музика свечено ќе бидат отворени со Македонската филхармонија

Деновите на македонската музика свечено ќе бидат отворени со Македонската филхармонија

В четврток во 20 часот Македонската филхармонија ќе настапи на свеченото отворање на годинашното издание на манифестацијата Денови на македонска музика.

На концертот ќе бидат изведени дела од тројца македонски композитори од разни генерации: Три псалми за хор и оркестар (2017) од Сони Петровски, Концерт за кларинет и оркестар (2005) од Панде Шахов, како и премиерата на Концертот за виолина и оркестар (2016) од Филип Иванов.

Македонската филхармонија соопшти дека солисти на концертот ќе бидат младите, но веќе искусни, талентирани и наградувани музичари: Александар Иванов на виолина и Игор Иванов на кларинет, а ќе настапи и византискиот камерен хор „Херувими“.

Оваа вечер ќе бидат доделени и годинешните награди на организаторот на ДММ, Сојузот на композиторите на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП