19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКараско му го спаси животот на Гаитан (видео)

Караско му го спаси животот на Гаитан (видео)

Атлетико Мадрид пред три недели во Далиан Јифанг за сума од 48 милиони евра ги продаде Јаник Фереира Караско и Нико Гаитан. Со овие трансфери Атлетико го надомести она што го загуби со испаѓањето од Лигата на шампионите.

Белгиецот и Аргентинецот нема по добро да го паметат почетокот на новата сезона во кинеската Суперлига. Во првите две кола Далиан загуби 8:0 и 2:0, а во третиот натпревар на домашен терен имаше негатива од Синобо 0:3.

На овој натпревар Караско и Гаитан секогаш ќе се сеќаваат. Имено во 62.минута Аргентинецот во еден дуел добил удар во Адамовото јаболко, се онесветил и останал неподвижно да лежи на теренот.

Додека останатите играчи во паника гледале кон Гаитан, Караско делувал како вистинско медицинско лице. Не чекајќи да пристигне лекарската екипа, Белгиецот најпрвин го свртел на страна соиграчот, а потоа со прстите му го тргнал јазикот и му овзможил проток на воздух.

На овој начин Караско го спасил Гаитан и пред да стигне лекарската екипа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП