29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонте повторно го нападна раководството на Челси

Конте повторно го нападна раководството на Челси

Растат тензиите помеѓу Антонио Конте и неговите шефови. Во текот на сезоната италијанскиот тренер неколку пати отворено ја критикуваше трансфер политиката на клубот.

Конте е незадовлен како клубот го одработи летниот преоден рок, кога челниците не му ги донесоа играчите што ги бараше, Алекс Сандро и Леонардо Бонучи, а неговото незадоволство кулминираше во јануарскиот преоден рок.

Италијанецот верува дека играчите што управата ги донесе на „Стенфорд Бриџ“ се далеку послаби од оние што ги бараше тој.

Односите дополнително се влошија по последната изјава на Конте.

„Доколку се сеќавате минатата сезона ја освоивме титулата. Повторувам, минатата сезона ја освоивме титулата, а потоа видовте како ние делувавме на трансфер пазарот“, рекол Конте и потоа ја коментирал елиминацијата од Лигата на шампионите.

„Мислам дека во овој момент не е најважната работа Лигата на шампионите“.

Новинарите се интересирале и за играчкиот кадар, односно како Челси ќе изгледа наредната сезона доколку не избори пласман во Лигата на шампионите.

„Не заборавајте дека Челси пред две години заврши на 10.место со голем број на играчи кои се тука. Тогаш тие решиле да продолжат да играат за Челси. Дали сека ќе заминат? Не знам…Мислам дека тоа прашање не треба мене да ми го поставувате, тоа ќе ги прашате играчите“, рекол темпераментниот Италијанец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП