23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши ерата на Малуф во Кингс

Заврши ерата на Малуф во Кингс

sakramento

Семејството Малуф го финализира договорот за продажбата на Сакраменто Кингс на група инвеститори на чело со софтверскиот магнат „Vivek Ranadive“. Новите сопственици добија 65 проценти од акциите на тимот, а договорот се проценува на повеќе од 534 милиони долари.

Досегашниот рекорд во НБА беше договорот за продажба на Голден Стејт Вориорс кој во 2010-та година беше продаден за 450 милиони долари. Интересен е фактот дека пред да ја преземе контролата над „кралевите“, „Vivek Ranadive“ беше малцински сопственик токму на „воините”.

Семејство Малуф 14 години беше на чело на Сакраменто Кингс, а во овој период „кралевите“ седум пати дојдоа до плеј-офот во НБА, а во 2002-та година играа во финалето на конференцијата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП