28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПораз на шампионот, Драгиќ ги сруши Лејкерси (видео)

Пораз на шампионот, Драгиќ ги сруши Лејкерси (видео)

Поразот на Голден Стејт од Сакраменто, новиот трипл-дабл на Расел Вестбрук, продолжување на победничката низа на Торонто Репторс и драматичната победа на Мајами во Лос Анџелес се главните карактеристики на натпреварите што во текот на изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата.

Актуелниот шампиин Голден Стејт без најдобрите Кари, Томсон и Дурент доживеа пораз на домашен терен од Сакраменто 98:93. Бади Хилд постигна 22 поени, на кои придодаде по седум скока и асистенции, а српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ уфрли 11 поени, а имаше и пет скока, три асистенции и една украдена топка.

Квин Кук беше надобар кај ГС со 25 поени. Актуелните шампиони го забележаа третиот пораз на последните четири натпревари и сега имаат три порази повеќе од лидерот на Западот, Хјустон.

Горан Драгиќ погоди флоутер на 15 секунди до крајот на мечот во Лос Анџелес и му донесе минимална победа на Мајами во дуелот со Лејекрсо 92:91. Словенецот беше најефикасен во својот тим со 30 поени, на спротивната страна се истакна Џулиус Рендел со 25 поени и 12 скока.

Мајами со оваа победа стигна до седмата позција на Истокот со 37 победи и 33 порази.

Вториот тим од ЛА, Клиперс, доживеа пораз во Оклахома 121:113. Блескаше повторно Расел Вестбрук кој го забележа четвртиот трип-дабл во низа (16 поени, 10 скока, 11 асистенции). Плејмејкерот на Оклахома има 22. трипл-дабл оставрувања во сезоната, вкупно 101 во кариерата.

Покрај Вестбрук добри партии кај Оклахома пружија и Кори Бруер (22 поени), Стивен Адамс (18 поени, 14 скока) и Пол Џорџ (19 поени, 7 скока, 7 асистенции).

Тобијас Херис ги предводеше Клиперс со 24 поени, а еден помалку со седум скока имаше Остин Риверс. Српските репрезентативци Милош Теодосиќ и Бобан Марјановиќ постигнаа 12 , односно осум поени.

Лидерот на Истокот Торонто, дури по продолжението забележа победа над Далас 122:115. Торонто ја запиша 11. победа во низа што преставува нов рекорд на франшизата.

Демар Дерозан со 29 поени и Јонас Валанчиунас со 21 поен беа најефикасни кај Репторс, додека Херисон Барнс постигна 27 поени за Далас.

Резултати:

Орландо Меџик-Бостон Селтик 83:92
Филалделфија ’76-Бруклин Нетс 120:116
Торонто Репторс-Далас Маверикс 122:115
Оклахома Тандер-ЛА Клиперс 121:113
Голден Стејт Вориорс-Сакраменто Кингс 93:98
ЛА Лејкерс-Мајами Хит 91:92

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП