20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНавивачите на Галатасарај се подготвени за дербито со Фенербахче

Навивачите на Галатасарај се подготвени за дербито со Фенербахче

Навивачите на Галатасарај се перфектно подготвени за дербито со Фенербахче покажувајќи го тоа со спектакуларно пиротехничко шоу на отворениот тренинг на клубот.

Стадионот „Турк телеком“ беше „запален“ за лидерите на турската Суперлига, кои имаат само три поени предност пред Бешикташ пред овој викенд. Додека УЕФА постојано ги казнува тимовите поради користење пиротехника, официјалниот твитер-профил на Галата се пофали со своите фанови.

„Тие го нарекуваат ’пекол’. Ние го нарекуваме рај. Рај на жолто и црвено“, напишаа на твитер-профилот. Покрај тоа имаше порака „Пиро не е криминал“!

Фенербахче е на четвртото место во Суперлигата пред саботното „интерконтинентално дерби“, но со победа би се доближиле на само три поени од своите вечни ривали. Во борбата за титулата се уште два клуба од Истанбул – Бешикташ и Башакшехир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП