24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер доминира како во 2006-та година

Федерер доминира како во 2006-та година

Роџер Федерер го победи Хјеонг Чунг на мастерсот во Индијан Велс се пласира во полу-финалето и воедно го израмни најдобриот старт на сезоната во својата кариера.

Четврт-финалната победа над Чунг во Индијан Велс беше 16. за Федерер од почетокот на сезоната, во која се уште не е поразен. Ваков старт Швајцарецот имал во 2006 година, која е најуспешна во неговата кариера со 12 титули (три гренд слема). Федерер 2006 година ја заврши со 92 победи и само пет порази.

„Се надевам дека ќе победам и во наредниот меч и дека в сабота ќе поставам нов рекорд“, рекол Федерер.

Најдолгата победничка низа Федерер ја имал во финишот на сезоната в 2005 година, кога остварил 35 победи.

Најдобар старт во една сезоната, во Опен ерата, има Новак Ѓоковиќ. Србинот во 2011 година ја започнал со 43 победи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП