26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОбјавен романот „Двозначен“ од велшката писателка Стиви Дејвис

Објавен романот „Двозначен“ од велшката писателка Стиви Дејвис

Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје, неодамна ја објави новелата „Двозначен“ од велшката писателка Стиви Дејвис, во превод од англиски јазик на Дарко Цветаноски.

Новелата „Двозначен“ е приказна за Себастијан, син на Џек Месинџер: познат патописец, можен шпион и жртва на убиство. Цел живот Себастијан го прогонува исчезнувањето на татко му, чиешто отсутно присуство и двозначно минато продолжуваат да фрлаат несоборливи сенки врз синот кој мора да се бори и со расцепканата меморија на сѐ постарата мајка, како и со постепеното губење на партнерот. „Двозначен“, со приказна што се протега од Египет до Германија, од планините Загрос во Иран до брегот на Полуостровот Гауер, е студија за татковци и синови, љубовници и изневерувачи, загуба и враќање, и е комбинација на мрачно предание, сатира и љубовна приказна, којашто постојано го бара одговорот на прашањето: може ли Себастијан да го пронајде својот спас, и покрај наследството од татка си?

Стиви Дејвис е велшка писателка, книжевен критичар, биограф и историчар. Членка е на Кралското книжевно друштво, на Друштвото на писателите на Велс и директорка на Катедрата за креативно пишување на Велшкиот универзитет во Свонси.

Автор е на голем број прозни книжевно-уметнички дела, како и на биографии. Нејзини најпознати дела се романите „Мрежа на припадноста“ (1997), „Четворица сонувачи и Емили“ (роман, 1997), „Пламена глина“ (роман, 1999), „Елементот на водата“ (2001), „Крв и месо“ (2004) и новелата „Двозначен“ (2016).

Романот „Елементот на водата“ ја доби наградата на Велшкиот совет за уметности (2002) и влегува во поширокиот избор за наградите Букер (2001) и Оринџ (2002). „Крв и месо“, исто така, влегува во поширокиот избор за наградата Оринџ (2004), а романот „Мрежа на припадноста“ е филмуван (2004) во режија на Кристофер Менол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП