25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВест Хем: Хулиганите добија доживотна забрана

Вест Хем: Хулиганите добија доживотна забрана

Фудбалскиот клуб Вест Хем Jунајтед објави дека им изрекол доживотна забрана за присуство на натпреварите на клубот на сите навивачи што на дуелот против Барнли влегле на теренот.

Навивачите на Вест Хем Jунајтед неколку пати во текот на споменатиот дуел влегуваа на теренот, а во една ситуација мораше да интервенира и домашниот капитен Марк Нобл.

Досега биле идентификувани двајца, а клубот соопшти дека заедно со полицијата работи на идентификацијата на другите хулигани.

„Клубот спроведува детаљна истрага и тесно соработува со полицијата за да ги идентификуваме сите оние што во текот на натпреварот влегуваа во теренот, но и оние што со ситни пари ги гаѓаа сопствениците на клубот. На сите ќе им биде изречена доживотна забрана за присуство на натпреварите на Вест Хем, а ќе побараме да им биде забранет влезот и на другите стадиони во Англија“, се наведува во клупското соопштение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП