ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел го доби четвртиот мандат по потврдата од Бундестагот

Меркел го доби четвртиот мандат по потврдата од Бундестагот

Пратениците на Бундестагот го потврдија четвртиот мандат на канцеларката Ангела Меркел со 364 гласа „за“ и 315 „против“. Девет биле воздржани. Со тоа е ставен крај на процесот за избор на новата влада, кој траеше речиси шест месеци.

Коалицијата на Меркел има 399 места во парламентот. Истата коалиција беше на власт и во изминатите четири години, но формирањето нова коалиција беше тешка задача за Меркел.

Гласањето во Бундестагот следуваше 171 ден по изборите во септември.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП