29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските клубови можат да бидат само АБА-второлигаши!

Македонските клубови можат да бидат само АБА-второлигаши!

На најновата седница на собранието на АБА-лигата беа донесени неколку одлуки со кои се потврдува дека за македонските клубови е достапна само „втората лига“ на регионалното натпреварување.

Од новата сезона (2018/19), влегувањето во првата АБА-лига ќе биде можмно само преку втората лига, а ќе испаѓа само еден клуб (последнопласираниот).

Учесници на првата лига на АБА ќе бидат Будуќност, Цедевита, Цибона, Црвена звезда, ФМП, Игокеа, Мега, Партизан, Морнар, Олимпија, Задар и шампионот од втората АБА-лига, која има фајнал-фор турнир во Чачак.

Ова значи дека МЗТ Скопје следната сезона сигурно ќе настапува во втората лига, каде што оваа сезона не се прослави АВ Охрид. Останува да се види дали во втората лига ќе има место за уште еден македонски клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП