Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

„Виенскиот бал“ в сабота – духот на Виена повторно во Скопје

Време: 14:42

Датум: март 13, 2018

Категорија: КУЛТУРА

На 17 март (сабота), во хотелот „Александар палас“, македонските посетители повторно ќе може да уживаат во авангардната културно-музичка манифестација „Виенски бал 2018“.

Организаторот, здружението за културна соработка „Јохан Штраус“, и покровителот, Амбасадата на Република Австрија во Македонија, 19 години по ред овозможуваат и македонската метропола да има оригинален виенски бал, а со тоа да биде рамо до рамо со сите светски метрополи во кои се одржуваат овие манифестации во рамките на културната понуда. Од минатата година „Виенски бал Скопје“ е ставен и на светската мапа на виенски балови, а поради долготрајноста и успешноста во организирањето на балот кај нас, годинава организаторот доби и поздравно писмо од градоначалникот и гувернер на Виена, Австрија, Михаел Хојпл, со кое го поздравува организирањето на традиционалниот централен настан на општествениот живот во Виена и во Скопје.

„Виенскиот бал“ во Скопје има и хуманитарната нишка, што значи дека секоја година се обезбедуваат и средства за поддршка на оние на кои им се потребни, а годинава тоа е граѓанската организација на лица со и без хендикеп, која работи на суштинско поврзување и целосно остварување на основните човекови права и слободи на лицата со хендикеп „Полио плус“.

Во рамките на програмскиот дел, професионалниот оркестар „Јохан Штраус“ ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска. Грациозните танчари на танцовиот клуб „Прима данца“ ќе ја воодушевуваат публиката со атрактивни танцови точки, а магијата на балетските точки на сцената на Балот ќе ја донесат првенците на Балетот при МОБ – Марија Кичевска и Бобан Ковачевски.

Гостите ќе имаат можност да уживаат во настапите на „Тумбао салса бенд“, Нина Јанева, Горан Папас и 2Еxit. Како и секоја година, дрес-кодот на Балот е задолжителен: долги тоалети за дамите и смокинг или темен костум за господата.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Единаесетти пат, од 24 до 26 август, ќе се одржи манифестацијата Карпошово лето

    Единаесетти пат, од 24 до 26 август, ќе се одржи манифестацијата Карпошово лето

    Од 24 до 26 август оваа година Општина Карпош, единаесетти пат, ќе ја организира традиционалната културна манифестација Карпошово лето 2018, соопштуваат од Општината. На платото…

  • Концертот на „2 челос“ презакажан за 19 октомври

    Концертот на „2 челос“ презакажан за 19 октомври

    Концертот на „2 челос“ во Скопје, наместо на првичниот закажан датум 6 октомври, ќе се одржи на 19 октомври на истата локација – „ВИП-арената“. Од…

  • Четкар ќе го одржи традиционалниот концерт ‘Вино и џез’ во Охрид

    Четкар ќе го одржи традиционалниот концерт ‘Вино и џез’ во Охрид

    Оваа сабота, 18 август, Владимир Четкар ќе го одржи традиционалниот концерт ‘Вино и џез’ во Охрид во Хотел Филип. Ова е четврта година по ред…

  • Акорди од гитарата на Чочај ќе одекнуваат во „Света Софија“

    Акорди од гитарата на Чочај ќе одекнуваат во „Света Софија“

    Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на косовскиот гитарист Дрилон Чочај што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток…

  • Претфестивалски „Полски пикник“ во Музејот на современата уметност во Скопје

    Претфестивалски „Полски пикник“ во Музејот на современата уметност во Скопје

    На деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ програмата „Земја во фокус“ ќе биде посветена на полската документаристика. Токму затоа, заедно со Филмската…

  • Познатиот пијанист Роберт Биша вечерва ќе музицира на „Охридско лето“

    Познатиот пијанист Роберт Биша вечерва ќе музицира на „Охридско лето“

    Љубителите на добрата музика вечерва во рамки на фестивалот „Охридско лето“ ќе може да уживаат во концертот на познатиот пијанист Роберт Биша од Албанија. Баша…

  • Фестивал на староградска музика и вино во Старата битолска чаршија

    Фестивал на староградска музика и вино во Старата битолска чаршија

    Многу игра, песна и забава го разиграа плоштадот Магнолија во рамките на вчерашниот настап на Фолклорната група „Селенце“ и Народниот оркестар „Фокош“ од Војводина. Фолклорната…

  • „Радомировиот псалтир“ вечерва во предворјето на „Света Софија“

    „Радомировиот псалтир“ вечерва во предворјето на „Света Софија“

    Ораториумот „Радомировиот псалтир“ op. 47 од Димитрије Бужаровски вечерва ќе биде изведен во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. Ќе настапат сопранистките Весна…

  • Камерниот оркестар „Академија на солисти“ вечерва на „Охридско лето“

    Камерниот оркестар „Академија на солисти“ вечерва на „Охридско лето“

    Камерниот оркестар „Академија на солисти“ од Казахстан е вечерашната музичката понуда на фестивалот „Охридско лето“. Во рамките на концертот што ќе се одржи во црквата…

  • „Охридско лето“ вечерва во знакот на фламенго-танцот

    „Охридско лето“ вечерва во знакот на фламенго-танцот

    Кубанската група ЕКОС вчерва во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ќе приреди незаборавна вечер со фламенго-танц. Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор…