Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Најголемо зголемување на пазарната вредност оствари Салах

Време: 11:33

Датум: март 13, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Истражувањата на Фудбалската група на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) ги објави резултатите од своето најново истражување.

Организацијата од Нојшател, која детаљно се занимава со сите статистички податоци во светот на фудбалот, во своето последно истражување се занимава со зголемувањето на вредноста на фудбалерите во најсилните пет европски првенства.

Истражувањето на ЦИЕС ги опфаќа изминатите шест месеци.

Најмногу својата вредност на фудбалскиот пазар, според истражувањето на ЦИЕС, ја зголемил напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах. Цента на Салах пораснала 74,7 милиони евра и тој на фудбалскиот пазар сега вреди 162,8 милиона евра.

Голем скок бележи и голманот на Манчестер Сити, Едерсон, за кого минатото лето „граѓаните“ платија 24,3 милиони евра. Едерсон сега е проценет на 98,7 милиони евра.

Во топ-5 на ова истражување се наоѓаат уште двајца играчи на Манчестер Сити, Лирој Сане и Габриел Жесус.

Сане е на третата позиција. Во однос на септември минатата година неговата вредност пораснала 63 милиони евра, односно, според ЦИЕС, тој сега вреди 151,2 милион евра.

Жесус за кого Сити плати 52,8 милиони евра, сега е проценет на 105,9 милиони евра.

Меѓу играчите на Сити, на четвртото место се смести тинејџерот од ПСЖ, Килијан Мбапе, неговата вредност пораснала 54,7 милиони евра. Францускиот репрезентативец сега вреди 188,5 милиони евра.

На листата на ЦИЕС, на која има 50 имиња, Балканот го преставуваат двајца репрезентативци на Србија: Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) и Немања Матиќ.

Милинковиќ-Савиќ е на деветтото место, вредноста му се зголемила 40,7 милиони евра и во однос на септември минатата година тој има вредност од 70,5 милиони евра.

Матиќ е на 24. место, вреди 29,5 милиони евра повеќе од времето кога го направи трансферот во Манчестер Јунајтед. Цената на Матиќ изнесува 60,3 милиони евра.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Со гасификацијата на Прилеп трошоците за загревање на јавните институции ќе се намалат 50 отсто

    Со гасификацијата на Прилеп трошоците за загревање на јавните институции ќе се намалат 50 отсто

    Општина Прилеп денеска организира средба со претставници на јавните институции од градот, а целта на средбата, како што информираат од Општината, е поуспешно извршување на…

  • Турската лира се стабилизира трет ден по ред

    Турската лира се стабилизира трет ден по ред

    Знаци на закрепнување се појавија на пазарите по стабилизирањето на турската лира трет ден по ред приближувајќи се на долгорочното ниво. Турскиот министер за финансии,…

  • Новиот сопственик на „Горење” ги повлекува акциите од берзата

    Новиот сопственик на „Горење” ги повлекува акциите од берзата

    Новиот сопственик на „Горење“, кинеската корпорација „Хајсенсе“, одлучи да ги повлече акциите на „Горење“ од берзата, а одлуката за тоа ја најави за состанокот на…

  • Светскиот шампион е број 1 на ФИФА листата, Македонија на 70-то место

    Светскиот шампион е број 1 на ФИФА листата, Македонија на 70-то место

    Франција, конечно, по освојувањето на светската титула запоседна на првото метсо на ФИФА листата, првпат во воведувањето на новата формула. „Триколорите“ од шестото место скокнуваат…

  • Шилегов: Средните училишта добиваат енергетско-ефикасни фасади

    Шилегов: Средните училишта добиваат енергетско-ефикасни фасади

    Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, денеска го посети СУГС „Јосип Броз Тито“, каде што е во тек реконструкцијата на фасадата и на надворешната столарија…

  • Beyond – Луксузна и префинета вила (фото)

    Beyond – Луксузна и префинета вила (фото)

    Вилата „Beyond“ е уште една куќа од соништата на локацијата од соништата – Пукет, Тајланд. Луксузот и префинетоста се главните карактеристики на овој дом, доколку…

  • UBS ја зголеми годишната прогноза на Boeing

    UBS ја зголеми годишната прогноза на Boeing

    Аналитичарите од швајцарската банка „UBS“ ја зголемија својата 12-месечна прогноза за акциите на американската авионска компанија „Boeing“ до 515 долари, што е за над 50%…

  • Што ве спречува да успеете?

    Што ве спречува да успеете?

    Иако многу се трудите и вложувате максимални напори за се да успеете, нешто сепак ве кочи. Проверете дали овие работи владеат со вас. Доколку е…

  • 21 милијарди eвра се инвестициите во хотели во Европа во вториот квартал

    21 милијарди eвра се инвестициите во хотели во Европа во вториот квартал

    Инвестициите во хотели во Европа достигна 21 милијарди евра во вториот квартал од 2018-та година, што претставува раст од 5,8% во обемот од трансакции на…

  • НБРМ: Не се очекуваат директни негативни ефекти врз економијата од случувањата во Турција

    НБРМ: Не се очекуваат директни негативни ефекти врз економијата од случувањата во Турција

    Од случувањата во Турција не се очекуваат директни негативни ефекти врз македонската економија, но е мала можноста и за евентуални позначајни негативни преносни ефекти, оценува…