29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ декласиран и во Бар

МЗТ декласиран и во Бар

Кошаркарите на МЗТ со убедлив пораз во Бар, од екипата на Морнар 106:75, ги завршија настапите во АБА лигата оваа сезона. „Металците“ сезоната ја завршија на последната позиција со само три победи. Морнар од друга страна е најпријатното изненадување сезонава.

МЗТ во Бар настапи беа тренерот Лукајиќ, без Трајковски, односно Нешовиќ и Крафорд (немаат право за настап) и Минчев со кого клубот го раскина договорот. Некомплетен беше и Морнар, а тренерот Павичевиќ најчесто ги одмораше главните играчи.

Како и во текот на целата сезона МЗТ и овој дуел, иако немаше никаво резултатско значење, одигра катастрофално во одбраната.

Победникот практично беше решен по пет минути игра кога Морнар стигна до двоцифрена предност (14:4). Првата четвртина домашните кошаркари ја добија со 29:13.

МЗТ малку се разбуди во вториот период, најмногу поради шутот од далечина и благодарение на Лалиќ. Девет поени беше разликата на полувремето 50:41.

Во второот полувреме одново доминираше Морнар разликата константно растеше, а домаќинот имаше +30 во 32.минута.

Лалиќ оствари „дабл-дабл“ од 22 поени и 11 скока, а Симоновски постигна 27 поени (6/13 за три). Морнар го предводеше Павиќ со 25 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП