25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар побарал да се врати на „Ноу Камп“

Нејмар побарал да се врати на „Ноу Камп“

Сензационална вест утрово доаѓа од Барселона. Нејмар да Силва Сантос Жуниор (26) кој минатото лето за рекорден трансфер ја напушти Барселона побарал да се врати на „Ноу Камп“.

Оваа вест како ексклузивна преку целата насловна страница ја објави Ел Мундо депортиво, спортски весник традиционално наклонет кон „блауграна“.

Според овој извор, Нејмар, во пресрет на осмина-финалниот реванш помеѓу ПСЖ и мадридски Реал, се покајал пред поранешните соиграчи, тренерот и раководството на својот поранешен клуб.

Наводно Бразилецот признал дека избрзана била одлуката да побара трансфер и побарал да биде вратен во летото 2019 година.

Тансферот на Нејмар од Барселона во Париз е најскап во историјата на фудбалот. ПСЖ за Бразилецот плати 222 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП