20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтоилов откри каде ќе се игра СЕХА Ф4 турнирот (видео)

Стоилов откри каде ќе се игра СЕХА Ф4 турнирот (видео)

Ракометарите на Вардар титулата која минатата сезона ја освоија во СЕХА лигата ќе ја бранат на завршниот турнир што ќе го играат на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“.

„Големо задоволство и чест е да објавиме дека седмото издание на Ф4 турнирот повторно ќе биде во Скопје, Македонија. Задоволни сме Ф4 турнирот да биде во Скопје по вторпат откако Вардар е европски и СЕХА првак. Вардар има долга и успешна ракометна историја, и лани освоија сѐ што еден клуб може да освои во една сезона, и сигурни сме дека македонските фанови и ќе уживаат во најдобриот ракомет во регионот и трибините ќе бидат полни. Ќе дадеме сѐ од себе да го организираме настанот на највисоко ниво и сигурни сме дека тимовите што се натпреваруваат на Ф4 ќе го покажат најдоброто. Нека победи најдобриот“, рекол Синиша Остоиќ, директорот на СЕХА лигата.

Завршниот турнир ќе се одржи од 13. до 15.април, а покрај Вардар учесници ќе бидат ППД Загреб, Мешков Брест и Целје.

СЕХА лигата со интерсно видео го објави името на домаќинот на завршниот турнир, а веста ја соопшти вардаровиот капитен, Стојанче Стоилов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП