Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Жените и парите – работат повеќе, заработуваат помалку

Време: 13:59

Датум: март 8, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Од 743.451  вработени во Македонија 39.2% се жени, а 60.8% се мажи. Жените во просек заработуваат 12.5% помалку од мажите. Истовремено 75% од работодавачите се мажи.

743.451  вработени – 39.2% жени, 60.8% мажи

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во работен однос се 291.416 жени, односно 39.2% од вкупниот број на вработени.

Македонската државна статистика нема податоци за просечната плата според полот односно за разликите во приходите меѓу мажите и жените, но оние кои се бават со оваа проблематика велат дека има големи отстапувања.

Според истражувањето на Институтот за економски истражувања и политики „Finance think“ во Македонија жените во просек заработуваат 12.5% помалку од мажите.

Анализите на здружението „Реактор истражување во акција“, пак, покажуваат дека додека 59% од дипломираните студенти, 59% од магистрите и 57% од докторите на науки се жени а 75% од работодавачите се мажи.

Истото истражување покажува и дека од 120 пратеници во Собранието 75 се мажи, од 25 министри 21 се мажи, а од 81 градоначалник 75 се мажи.

Жените работат и дома

Според „Реактор истражување во акција“ жените трошат 18 пати повеќе време на миење садови од мажите, 9 пати повеќе време на готвење, 12 пати повеќе време на чистење и 5 пати повеќе време на грижа за децата.

Државниот завод за статистика, пак, пресметал дека жените во Македонија просечно дневно поминуваат  по 1 час и 50 минути на гледање телевизија. Во урбаните средини на забава и култура поминуваат просечно дневно по 2 часа и 16 минути, што е двојно повеќе од жените во руралните средини, односно 1 час и 13 минути.

Жените се побезбедни возачи

Според Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП) околу 70 до 80% од жртвите во сообраќајни незгоди се од машкиот пол, а 20 до 30 % од женскиот пол.

Анкетно истражување направено од РСБСП покажува дека 60% од жените возачи се убедени дека тие се подобри возачи од мажите, 88% од жените сметаат дека агресивното однесување во сообраќајот е карактеристично за мажите, 60% дека мажите се неодговорни учесници во сообраќајот, 63% дека мажите и жените се рамноправни учесници во сообраќајот, а 37% дека мажите се доминантни и не ги почитуваат жените како рамноправни учесници во сообраќајот. Најголемиот дел од жените сметаат дека мажите се агресивни и тоа сериозно им пречи и им влијае во сообраќајот.

Родова нееднаквост и во Европската Унија

Анализите на Евростат покажуваат дека на ниво на Европската Унија (ЕУ) жените во просек добиваат околу 20% пониски плати од мажите. Разлика има во сите земји членки. Најмали разлики од 5.5% има во Луксембург и Италија, а најголеми од 27% во Естонија, како и од 22% во Чешка, Австрија и Германија.

Податоците на Евростат покажуваат дека за секое 1 евро што ќе го заработат мажите, нивните колешки за истата работа добиваат по 84 евро центи.

Нееднаквоста меѓу мажите и жените на пазарот на трудот во ЕУ не постои само во висината на платите, туку и во раководните позиции што ги заземаат. Така, во 2015 година само една третина од менаџерите во ЕУ биле жени, иако припадничките на понежниот пол учествуваат со 43% во вкупната работна сила.

Како се слави 8-ми Март низ светот?

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8-ми март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

Дури на 28 ноември 1978 од Обединетите нации е предложено 8-ми Март да се слави како интернационален Ден на жената, како ден на достигнувањата на жените, без разлика на националноста, етничките, јазичните, културните, економските и политичките разлики.

Денес, 8 март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина. A Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и нема политички конотации.

Во Македонија родовата еднаквост е гарантирана со Уставот. Постојат и Закон за еднакви можности меѓу мажите и жените, Стратегија за родова еднаквост, Закон за спречување дискриминација.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Македонија и Русија согласни да најдат решение за привременото ограничување за извоз

    Македонија и Русија согласни да најдат решение за привременото ограничување за извоз

    Со цел надминување на проблемите настанати со привременото ограничување на извоз на коскесто овошје во Руската Федерација, денеска се одржа состанок во амбасадата, на кој…

  • Изложба на оружје и воена опрема по повод Денот на АРМ

    Изложба на оружје и воена опрема по повод Денот на АРМ

    По повод одбележувањето на Денот на АРМ, утре 18 август (сабота), на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, од 10 до 14 часот, ќе…

  • Инфлацијата во ЕУ покажува мало зголемување во јули

    Инфлацијата во ЕУ покажува мало зголемување во јули

    Годишната инфлација во Европската унија бележи благ пораст на месечна основа во јули. Минатиот месец, порастот на цените изнесуваше 2,2% од 2,1% во јуни, објави…

  • Рај за банките – сите имаат зголемена заработка

    Рај за банките – сите имаат зголемена заработка

    Македонија дефинитивно е рај за банките. „Големата тројка“ – НЛБ, Комерцијална и Стопанска имаат значителен раст на профитите во првите шест месеци од годинава. Од…

  • Турција ќе одговори ако САД наметнат нови санкции

    Турција ќе одговори ако САД наметнат нови санкции

    Турција се закани дека ќе одговори ако САД воведат дополнителни санкции во врска со апсењето на американскиот свештеник Ендрју Брансон, што предизвика криза во односите…

  • Даночните промени во Хрватска загрозуваат илјадници мали претпријатија

    Даночните промени во Хрватска загрозуваат илјадници мали претпријатија

    Владата на Андреј Пленковиќ одлучи да уништи илјадници мали компании. Според порталот „Индекс“, како дел од промената на даноците што се најавуваат се предвидува да…

  • Вишокот на тековната сметка на еврозоната останува непроменет во јуни

    Вишокот на тековната сметка на еврозоната останува непроменет во јуни

    Во јуни вишокот на тековната сметка на еврозоната останува без промена на ниво од 24 милијарди. Евра, соопштува Европската централна банка во петокот. Во 12-те…

  • САД повторно и се закани на Турција, можни се нови санкции

    САД повторно и се закани на Турција, можни се нови санкции

    Турскиот министер за финансии, Берат Албајрак по кризата во земјата, изјави дека ќе направат се за да ги отстранат економските потешкотии во кој влезе Турција…

  • ДИК ќе ги разгледува трошоците за референдумот

    ДИК ќе ги разгледува трошоците за референдумот

    Повеќе точки поврзани со референдумот се на дневен ред на четвртата седница што ќе ја одржи денеска Државната изборна комисија (ДИК). Членовите на ДИК ќе…

  • Петре Шилегов, градоначалник на Скопје

    Петре Шилегов, градоначалник на Скопје

    Зошто толку многу се доцнеше со прскањето против комарци во Скопје? Дали е поради авионите, нивната бучава и дали ќе се спасиме од комарците? Инсистирав…