23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Енфилд“ со оваации го испрати Касиљас

„Енфилд“ со оваации го испрати Касиљас

Икер Касиљас синоќа со голема веројатност го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите, во својата импресивна кариера. Неговиот Порто гостуваше во Ливерпул, а Касиљас успеа да остане несовладан. Сепак, Ливерпул се пласираше во четврт-финалето бидејќи во Порто победи 5:0.

Шпанецот имаше неколку добри интервенции, а во 88.минута при ударот на Дени Ингс потсети зошто долги години беше најдобар или меѓу најдобрите тројца во светот.

За сè што направи на овој меч, а и воопшто во кариерата, по завршувањето на мечот доби овации од фановите на Ливерпул.
„Би сакал да им се заблагодарам на навивачите на Ливерпул. Не се случува често играч на противнички тим да биде испратен на ваков начин“, рекол Касиљас.

Бидејќи не прими гол Касиљас го подобри сопствениот рекорд во Лигата на шампионите. Во кариерата, во елитното натпреварување, тој на 59 натпревари не примил гол.

Дуелот на „Енфилд“ беше 171 за негов во ЛШ (и тука е рекордер), каде дебитираше на 18-годишна возраст, на 15.септември 1999 против Олимпијакос. Икер одиграл 152 натпревари за Реал и 19 за Порто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП