4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Црниот пантер“ соборува рекорди (видео)

„Црниот пантер“ соборува рекорди (видео)

Филмот „Црниот пантер“ на режисерот Рајан Куглер влезе во историјата како едно од остварувањата со најголема заработувачка во киносалите во текот на вториот викенд од прикажувањето – 108 милиони долари.

Заработка од над 100 милиони долари во вториот викенд од прикажување досега успеаја да остварат само три филма: „Војна на ѕвездите: Силата се буди“, „Светот Јура“ и „Одмаздници“. Од овие филма, само „Војна на ѕвездите“ имаше поголема заработувачка од „Црниот пантер“.

Во текот на првите два викенда од прикажувањето „Црниот пантер“ заработи 400 милиони долари во американските киносали, односно 704 милиони долари вкупно во киносалите во светот.

Филмот сè уште не е прикажан во Кина и Јапонија, со што се очекува уште поголема заработувачка.

„Црниот пантер“ влезе во историјата како филм на „Марвел“ со најголема заработувачка во првата недела од прикажувањето во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП