18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо потпиша со Челзи за 47 милиони евра

Мурињо потпиша со Челзи за 47 милиони евра

Chelsea manager Jose Mourinho-814211

Враќањето на Мурињо во Челзи беше слабо чувана тајна, тој со клубот практично се договорил уште во почетокот на мај, но сега го потпиша договорот.

Имено во понеделникот Португалецот ја гледаше бараж средбата за Премиерлигата меѓу Кристал Палас и Ватфорд, но фактички тој момент го искористил за да го потпише четиригодишниот договор со „сините“, а на „Стемфорд Бриџ“ со себе ќе го доведе и Руи Фариа како помошник.

Договорот е вреден вкупно околу 47 милиони евра, што значи дека Мурињо ќе добива повеќе од 10 милиони евра по сезона, а во новиот клуб ќе биде претставен по последниот натпревар во Примера кој ќе се одигра викендов.

Трофејниот стратег потоа во јуни ќе замине на одмор, а со работа ќе започне во јули, кога со Челзи ќе замине прво на турнеја во Азија и ќе ги посетат Тајланд, Сингапур и Индонезија.

Потоа следат натпреварите во Америка каде веќе веднаш би можел да се сретне со својот поранешен клуб Реал Мадрид.

Првенството во Англија по традиција започнува во втората половина на август.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП