28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГалатасарај одби 17 милиони за Муслера

Галатасарај одби 17 милиони за Муслера

G

Турскиот шампион Галатасарај одбил да го продаде голманот Фернандо Муслера на Барселона за 17 милиони евра. Уругвајскиот репрезентативец е една од опциите за заменик на Виктор Валдес, кој со сигурност ги напушта каталонците и најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Монако.

Од Барса не планираат да се откажат така лесно и планираат да испратат втора понуда за Муслера, овој пат во вредност од 20 милиони евра.

26-годишниот голман одигра многу добра сезона и имаше главна заслуга за титулата на истанбулскиот гигант и за пласманот во 1/4-финалето во Лигата на Шампионите. Неговиот договор со Галатасарај е до летото 2016-та година. Ако сепак доколку дојде до трансфер, турскиот шампион ќе го купи голманот на Трабзонспор, Онур Киврак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП