19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал потпиша рекорден договор за спонзорство со Emirates

Арсенал потпиша рекорден договор за спонзорство со Emirates

Лондонскиот тим и авиокомпанијата „Emirates Airline“ објавија петгодишно продолжување на нивното партнерство.

Значи логото на „Emirates“ ќе биде на дресот на клубот до крајот на сезоната 2023-2024-та.

Портпаролот на „Emirates“ изјави дека износот на трансакција надминува 200 милиони фунти (280 милиони долари), објави „CNN“.

Играчите на Арсенал го носат логото на авиокомпанијата од 2006-та година.

Како дел од договорот „Emirates“ обезбедува авиони за тимот за време на подготовките пред почетокот на сезоната, како и ги „задржува маркетинг правата да развива кампањи и иницијативи во светот“, посочуваат од компанијата во соопштението.

„Emirates“ има уште еден договор со Арсенал, каде што тимскиот стадион го носи името на авиокомпанијата во Дубаи. Договорот беше објавен во 2012-та година и ќе истече во 2028-ма година.

„Тоа заемно ангажирање е сведоштво за силата и длабочината на нашите уникатни односи“, вели извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис во соопштението.

Шпанскиот Реал Мадрид и францускиот ПСЖ исто така го имаат логото на „Emirates“ на нивните дресови.

И конкурентите на авиокомпанијата од Дубаи спонзорираат голем број европски клубови.

Превозникот со седиште во Абу Даби, „Etihad“ е спонзор на Манчестер Сити од 2009-та година, „Qatar Airways“ имаше 5-годишен договор со Барселона, кој истече минатата година.

Земјите од Персискиот Залив имаат директни инвестиции во водечките европски фудбалски клубови. Во 2008-,а година, членот на владејачкото семејството во Абу Даби – Шеик Мансур, плати 350-400 милиони долари за купување на англискиот тим Манчестер Сити.

Катарската компанија „Qatar Sport Investments“ пак го купи ПСЖ во 2011-та година за 170 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП