25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајвреден фудбалски бренд во светот е Баерн Минхен

Највреден фудбалски бренд во светот е Баерн Минхен

76550291

Победникот во Лигата на Шампионите Баерн Минхен стана најзначаен бренд во фудбалот. Германците го престигнаа досегашниот првак во рангирањето Манчестер Јунајтед.

Според анализата која ја направи „The Brand Finance Football 50“ проценетата вредност на брендот Баерн изнесува 860 милиони долари. Тоа е за 9 проценти или 76 милиони долари повеќе во однос на минатата година.

Манчестер Јунајтед забележа пад од 2 проценти и дојде до 837 милиони долари. Тоа се случи и покрај огромниот број на фанови во целиот светот и освоената 20-та шампионска титула во Англија.

Третиот и четвртиот се претставниците од Шпанија, Реал Мадрид и Барселона чии брендови се проценува 621 и 572 милиони долари. Другата промена во ТОП 10 е влегувањето на Борусија Дортмунд со вредност од 260 милиони долари или раст од 15 проценти и заземањето на десетото место на сметка на Шалке 04 (259 милиони долари и пад од 3 проценти).

Манчестер Јунајтед и Реал се единствените клубови кои добија бренд рејтинг ААА +. Авторите на анализата објаснуваат дека тој е на принципот на кредитниот рејтинг на земјите – од ААА + до D.

Најголем напредок во растот забележа бразилскиот Сантош од 70 проценти и вредност до 65 милиони долари со што го обезбедија 38-тото место. На последните две позиции се италијанските клубови Фиорентина и Лацио кои се проценети на 52 милиони долари.

Топ 10 на највредните марки во фудбалот
1. Баерн Минхен (Германија) 860 милиони долари, 9% раст
2. Манчестер Јунајтед (Англија) 837 милиони долари, 2% пад
3. Реал Мадрид (Шпанија) 621 милиони долари, 4% раст
4. Барселона (Шпанија) 572 милиони долари, 1% пад
5. Челзи (Англија) 418 милиони долари, 5% раст
6. Арсенал (Англија) 410 милиони долари, 6% раст
7. Ливерпул (Англија) 361 милиони долари, 2% пад
8. Манчестер Сити (Англија) 332 милиони долари, 10% раст
9. Милан (Италија) 263 милиони долари, 10% пад
10. Борусија Дортмунд (Германија) 260 милиони долари, 15% раст

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП