Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,872.21 -0.65%    BESK 8,017.33 3.6%    GRNT 748.68 4.56%    KPSS 300.00 -36.31%    MPT 31,000.31 0%    OHB 6,396.66 -0.83%    REPL 62,000.00 0.81%    RMDEN13 96.70 0.73%    RMDEN14 96.10 0.63%    RMDEN16 95.50 0%    RZIN 125.00 4.17%    SBT 1,951.00 -0.61%    SLAV 3,600.00 0%    STB 1,015.50 -0.27%    STBP 1,180.55 5.3%    STIL 130.00 -0.94%    TEL 278.08 2.99%    TNB 12,929.50 -4.14%    TTK 881.96 2.88%    UNI 2,360.00 -0.04%    USJE 23,003.00 -0.63%    ZPKO 2,857.00 0%    

За новата реколта тутунарите ќе добијат поголеми субвенции

Време: 16:07

Датум: февруари 13, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Владата на денешната седница во уредбата за директни плаќања за 2018 година ја дефинира висината на субвенциите за килограм предаден тутун. Со уредбата, почнувајќи од реколтата 2017 година, тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции. Направивме измени во висината на субвенциите, со што директно стимулираме производство на квалитетен тутун.

Конкретно, воведуваме субвенционирање во три нивоа, и тоа:
– субвенцијата за прва класа тутун ќе изнесува 80 денари за килограм, што е прво ниво;
– за втора класа обезбедуваме 70 денари, што е второ ниво;
– третото ниво на субвенционирање изнесува 60 денари за килограм и важи за трета и четврта класа, како за двете дополнителни класи.

„Уште еднаш ќе потенцирам дека на овој начин ќе ги мотивираме тутунарите не само да го зголемат производството на тутун туку и да се насочат кон производство на поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција. Нашите идни политики се во насока на развој на тутунопроизводството, кои ќе ги реализираме не само преку зголемените субвенции за тутунот туку и преку измените во новиот закон за тутун и тутунски производи.

Со новиот закон, кој е веќе подготвен и очекуваме да биде донесен набргу, ќе се укине поднесувањето евидентни листови. Тутунарите директно ќе склучуваат договори со откупните претпријатија. На овој начин им ја олеснуваме административната процедура за склучување на договорите за производство.

Реколтата 2017 е една од најдобрите споредено со изминатите години. Откупот финишира, се постигна највисока просечна откупна цена, тутунот беше со одличен квалитет, што се должи на погодните временски услови. Речиси и да немаше четврта класа на тутун. Се надевам дека и оваа година временските услови ќе ни бидат наклонети за да се постигне квалитетно производство. Досега се откупни повеќе од 23,5 милиони килограми по просечна цена од 217,5 денари за килограм.

Во согласност со откупната цена по класи, вкупната исплатена сума кон тутунарите ќе биде над 80 милиони евра. Со зголемените субвенции ќе им бидат исплатени околу 28 милиони евра исплатени на име субвенции, што значи дека реколтата 2017 година на 23.000 семејства им обезбедува приход од 100 милиони евра.

Во тек е склучувањето на новите договори за реколтата 2018 година и годинава очекуваме зголемување на бројот на склучени договори поради високата откупна цена и интересот на откупувачите.

Како Влада остануваме фокусирани на развојот на тутунопроизводството, од што егзистираат повеќе од 23.000 тутунарски семејства. Нашите идни политики за оваа култура ќе бидат во насока на обезбедување сигурност на производството и непречен откуп.

Во таа насока би сакал да порачам дека не само државата туку во целиот процес на обезбедување сигурен откуп и производство треба да учествуваат и откупните компании, што ќе влијае врз одржливоста и зголемувањето на производството и квалитетот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • ЕУ повлече двете земји од „црната листа“ на даночни раеви

    ЕУ повлече двете земји од „црната листа“ на даночни раеви

    Министрите за финансии на 28-те земји членки на ЕУ повлекоа од „црната листа“ со даночни засолништа две земји – Сент Китс и Невис и Бахамите,…

  • Американската економија ќе влезе во следната рецесија во 2020-та

    Американската економија ќе влезе во следната рецесија во 2020-та

    Американската економија најверојатно ќе влезе во следната рецесија во 2020-та година, според компанијата „Zillow“, која се занимава со истражувањето на имотот за домување, цитиран од…

  • Колку Европејци работат на привремени договори?

    Колку Европејци работат на привремени договори?

    Во ЕУ на привремени договори работат 27 милиони луѓе, или 14,3% од сите вработени. Привременото вработување во Заедницата варира помеѓу 12,7% и 14,5% во текот…

  • Макрон: Украина е условот за укинување на санкациите кон Русија

    Макрон: Украина е условот за укинување на санкациите кон Русија

    Европската Унија нема да ги укине санкциите кон Русија без исчекор во односите со Украина, порача денеска францускиот претседател, Емануел Макрон. „Едноставно е, нема да…

  • Московичи го поздрави унапредувањето на фискалната транспарентност во земјата

    Московичи го поздрави унапредувањето на фискалната транспарентност во земјата

    Еврокомесарот за финансиски прашања, Пјер Московичи го поздрави унапредувањето на фискалната транспарентност во земјата, за време на средбата со министерот за финансии, Драган Тевдовски и македонската…

  • Објавен јавен повик за избор на стручни лица во Фондот за иновации и технолошки развој

    Објавен јавен повик за избор на стручни лица во Фондот за иновации и технолошки развој

    Фонд за иновации и технолошки развој објави јавен повик за избор на стручни лица за оценување предлог-проекти во рамки на Столб 3 од Планот за…

  • АМСМ: Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

    АМСМ: Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

    Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и…

  • Сончево и топло, температура до 30 степени

    Сончево и топло, температура до 30 степени

    Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од…

  • Задушница – спомен за починатите

    Задушница – спомен за починатите

    Православните христијани денеска одбележуваат Задушница во чест на душите на мртвите, а утре Духовден. На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и…

  • Долгоочекуваната уредба на ЕУ за заштита на личните податоци стапи на сила

    Долгоочекуваната уредба на ЕУ за заштита на личните податоци стапи на сила

    Од денеска стапи на сила општата уредба на Европската Унија за заштита на личните податоците која Европскиот Парламент ја усвои на 14 јуни 2016 година.…