19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрофитот на Манчестер Јунајтед се намали поради зголемените трошоци за плати

Профитот на Манчестер Јунајтед се намали поради зголемените трошоци за плати

Зголемените трошоци за плати за играчите ги намалија приходите на Манчестер Јунајтед во четвртиот квартал од минатата година, објави „ББС“.

За три месеци до 31-ви декември клубот постигнал оперативен профит од 28,7 милиони фунти. (32,6 милиони евра), што е пад за 23% во однос на истиот период од претходната година.

Платите, кои сочинуваат половина од трошоците на клубот, се зголемија за 9,4 отсто на 69,6 милиони фунти (79 милиони евра). Играчите добија повисоки плати, бидејќи Манчестер Јунајтед се враќа во Лигата на шампионите, но исто така донесе повеќе приходи од телевизиското емитување. Тие достигнаа 61,6 милиони фунти (70 милиони евра), што е зголемување од 17% во однос на претходната година, а вкупните приходи за кварталот пораснале за 3,8% до 163,9 милиони фунти (186 милиони евра).

Освен натпреварите од Лигата на шампионите, кварталните приходи беа поддржани од двата дополнителни натпревари во Премиерлигата кои беа емитувани во живо.

„Солидниот бизнис модел ни овозможи да инвестираме во иднината на клубот со продолжување на договорот на Жозе Мурињо како тренер и доведувањето на Алексис Санчез. Го очекуваме остатокот од сезоната со доверба“, изјави Ед Вудворд, извршен потпретседател на Манчестер Јунајтед.

Минатата сезона клубот ја освои Лига Европа, што му обезбеди место во Лигата на шампионите за тековната сезона. Тимот стигна до 16-тина финале на турнирот и моментно е втор во Премиерлигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП