28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо ќе стане најплатениот фудбалер

Роналдо ќе стане најплатениот фудбалер

kristijano-ronaldo-velika117521120130509111535

Заминувањето на Мурињо нема ништо да промени, Реал иднината ќе ја гради на Кристијано Роналдо, а во текот на летото Португалецот ќе го продолжи договорот до 2018-та година.

Како што потврди Флорентино Перез, „кралевите“ имаат во план својот најдобар играч да го направат најплатен фудбалер во светот.

Според тврдењата на некои шпански медиуми Роналдо би можел да смета на близу 20 милиони евра годиншно, со што практично ќе биде дуплирана сумата која моментално ја заработува.

Промени ќе доживее комплетниот спортски сектор. Нов прв човек ќе биде Зинедин Зидан кој ќе биде именуван во спортски директор, поточно ќе биде првиот до Флорентино Перез во кој претседателот ќе има најголема доверба.

Што се однесува до тренерот се чека на Анчелоти, но Реал нема да се двоуми доколку не се расчисти ситуацијата со првите луѓе на ПСЖ, па тие ќе му понудат двегодишен договор на својот поранешен тренер Јуп Хејнкес со кој дојдоа до европска титула.

Засилувњата ќе ги почекаат тренерот и Зидан. Се очекува да остане Каранка нормално доколку тој би сакал, а на Раул секогаш му се отворени вратите на клубот. Некои играчи како Игуаин, Кака и некои други кои се во втор план се очекува да бидат продадени, но исто така е најавено дека нема да има други посериозни промени во играчкиот кадар.

Исто така треба да се истакне дека во клубот би можел да се врати Фабио Канаваро и тоа како помошник на Ачелоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП