29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНемања Матиќ доби дрес со потпис од Марадона

Немања Матиќ доби дрес со потпис од Марадона

Играчот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, добил подарок што многумина би го посакале. Србинот добил потпишан дрес од легендата на светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона.

Подарокот за Матиќ стигнал од Дубаи, а му го испратил братот Урош, кој се наоѓа на подготвки со својот клуб Копенхаген.

Урош Матиќ во Дубаи случајно налетал на Марадона, кој подарил свој дрес со посвета: „За Матиќ, со посебно задоволство“.

Немања Матиќ со подарокот се пофалил на „Инстаграм“ и воедно му се заблагодарил на легендарниот Аргентинец.

Марадона е инспирација за многу играчи, дури и за оние што се вистински фудбалски ѕвезди, а кои во младоста пораснале гледајќи ги потезите на Марадона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП