ПочетнаИНТЕРЕСНОСо поразот од Данска, Македонија го заврши Европското првенство

Со поразот од Данска, Македонија го заврши Европското првенство

Данска ја совлада Македонија со 31:20, со што ги потврди првото место во групата 2 на ЕП во Хрватска и пласманот во полуфиналето завршувајќи го нашиот настап на првенството.

Во првото полувреме македонската репрезентација играше гол за гол со противникот откако 30-те минути ги заврши со 12:12, но на почетокот на второто полувреме Данците направија предност од четири гола, која на крајот се покажа како одлучувачка.

Во второто полувреме Данците влегоа во втора брзина и по седум минути игра, направија предност од 17:13. Кузмановски врати со два гола за да ја намали предноста на два гола, но доминацијата на фаворитите за златото во Хрватска продолжи во ист ритам и стигнаа до убедливата победа.

Филип Кузмановски беше најефикасниот во нашата репрезентација со шест постигнати гола, по четири додадоа Дејан Манасков и Столе Стоилов, а во данската репрезентација најдобро функционира Михаел Дамгард Нилсен, кој успеа да даде дури 11 гола, а Андреас Закаријасен беше втор најефикасен со 5 гола.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП