24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовиот договор на „Специјалниот“ е подготвен

Новиот договор на „Специјалниот“ е подготвен

Нема сомнение дека Жозе Мурињо ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед. „The Telegraph“ откри дека сите детали околу договорот се прецизирани и Португалецот ќе се поврзе со „црвените ѓаволи“ до 2021-ва година, со опција договорот да биде продолжен за уште 12 месеци.

Сегашниот договор на Мурињо е до 2019-та година, а во последните недели двете страни водат активни преговори за продолжување. Официјалното потпишување се очекува да се случи во наредните денови.

Претходно овој месец Мурињо изненадувачки објави дека не е сигурен дали ќе остане на „Олд Трафорд“ по крајот на сезоната. Неговата желба сепак е да продолжи да го води тимот со кој веќе ја освои Лига Европа и Лига Купот во Англија.

Раководството на Јунајтед исто така е задоволство од работата на 55-годишниот стратег. Под негово водство, Јунајтед постигна значителен напредок во споредба со претходниот менаџер Луис ван Гал. Во моментов „црвените ѓаволи“ се на второ место во Премиерлигата зад градскиот ривал Манчестер Сити, а освен тоа продолжуваат во Лигата на Шампионите и ФА Купот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП