Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

АО: Ѓоковиќ го избегна Надал, можно полуфинале со Федерер

Време: 12:05

Датум: јануари 11, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новак Ѓоковиќ имаше среќа на денешната ждрепка за Австралија опен и успеа да ги избегне во раната фаза од турнирот големите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Србинот со Шпанецот може да се сретна само во финалето, додека евентуална пресметка со Швајцарецот е можна само во полуфиналето.

Ѓоковиќ поради шестмесечната пауза назадуваше на АТП-листата и поради тоа во Мелбурн, каде што има освоено шест титули, ќе биде 14. носител.

Првиот носител, Надал, турнирот ќе го отвори против ветеранот Естреља Бургос, а на неговиот пат се наоѓаат Леонардо Мајер, Дамир Џумхур, Џон Изнер и Марин Чилиќ. Хрватот, кој е шести носител, во првото коло за противник го доби Џон Милман, а на неговата страна од костурот се Куевас, Милер и Карењо-Буста.

Бранителот на титулата, вториот носител Роџер Федерер, во првото коло ќе игра против Аљаж Бедене, во второто коло најверојатно ќе го чека Германецот Штруф, а прв од носителите на неговиот пат може да биде Ришар Гаске. Во осмина-финалето можни противници на Швајцарецот се Раониќ или Квери, потенцијален ривал во четврт-финалето му е Давид Гофан, но во овој дел од костурот се наоѓаат и Дел Потро, односно Бердих и Фоњини.

Третиот фаворит, кој лани играше во полуфиналето, Григор Димитров, во првите две кола ќе игра против квалификанти, а потоа проектиран ривал му е Андреј Рубљов. Осмина-финалето на Бугаринот ќе му ги донесе Кирјос или Цонга.

Ѓоковиќ во првото коло за противник го доби Американецот Доналд Јанг, во второто коло најверојатно ќе игра против Гаел Монфилс, а потенцијален ривал во третата рунда му е Алберт Рамос.

Првиот Гренд слем во сезоната се игра од 15 до 28 јануари, кај мажите титулата ја брани Федерер, додека во женска конкуренција Мелбурн ќе добие нова шампионка откако ланската победничка Серена Вилијамс го откажа учеството.

Наградниот фонд на Австралија опен изнесува 43.200.000 американски долари.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Тим го „скроти“ Ѓоковиќ во Монте Карло

    Тим го „скроти“ Ѓоковиќ во Монте Карло

    Доминик Тим, последниот човек кој го совладал Рафа Надал на земјена подлога, покажа дека проблемите со повредите се минато, откако се врати од сет-негатива за…

  • TI: Сопствениците јавни само во една држава

    TI: Сопствениците јавни само во една држава

    Групата од 20 индустриски и земји во развој (G20) за 2 години бавно напредува со подобрувањето на законските мерки за обезбедување транспарентност. Ова е заклучок…

  • P&G купува единица на германската Merck за 3,4 милијарди евра

    P&G купува единица на германската Merck за 3,4 милијарди евра

    „Procter&Gamble“ објавија дека постигнале договор за купување на здравствената единица на германскиот фармацевтски гигант „Merck“, објави „Ројтерс“. Цитираниот износ е 3,4 милијарди евра. Набавката ќе…

  • Атрактивни теми и панели на 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018

    Атрактивни теми и панели на 9-тиот Сараево Бизнис Форум 2018

    Сараевo Бизнис Форум, кој ќе се одржи оваа година на 25 и 26 април во Сараево (БиХ), ќе понуди бројни атрактивни теми за бизнис заедницата…

  • Манчевски: Ги дефиниравме заедничките цели за дигитална трансформација на регионот

    Манчевски: Ги дефиниравме заедничките цели за дигитална трансформација на регионот

    Во завршницата од дводневната агенда на првиот Дигитален самит на Западен Балкан министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот за информатичко општество и администрација,…

  • Со само неколку рутински навики победете ја сезонската алергија!

    Со само неколку рутински навики победете ја сезонската алергија!

    Чешање на очите, воспалено грло, непречено кивање. Овие симптоми упатуваат на сезонска алергија. Со цел спречување на овие симптоми ви нудиме неколку едноставни трикови кои…

  • Грција ја започна продажбата на Hellenic Petroleum

    Грција ја започна продажбата на Hellenic Petroleum

    Грчкиот фонд за приватизација (HRADF) го објави почетокот на продажбата на мнозинскиот удел во „Hellenic Petroleum“. Во продажба ќе бидат понудени не помалку од 50,1%…

  • НЛБ Банка АД Скопје добитник на наградата Europe Banking Awards 2017

    НЛБ Банка АД Скопје добитник на наградата Europe Banking Awards 2017

    НЛБ Групацијата четврта година по ред бележи континуирано зголемување на нето добивката, при што во 2017 година има остварено рекордна нето добивка од 225,1 милиoни…

  • Анѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

    Анѓушев: Владата ќе ги поддржи младите доколку се охрабрат да почнат бизнис

    Десет претприемачи од Република Македонија и од регионот, на вториот ден на Дигиталниот самит, во рамките на „Натпреварот за убедување“, имаа можност да ги презентираат…

  • МЗТ бара да се намали бројот на странци во Макбаскетот

    МЗТ бара да се намали бројот на странци во Макбаскетот

    МЗТ Скопје Аеродром започна со иницијативата за намалување на бројот на странски кошаркари во домашните клубови. Предлогот на клубот од „Аеродорм“ е бројката од шестмина…