ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради магла намалена видливост на неколку патни правци

Поради магла намалена видливост на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози, информираат денеска од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според нивните податоци, намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Штип – Радовиш и од 30 – 50 метри на патниот правец Струмица – Ново Село.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП